Вечерва на домашен терен, Партизан ќе го одигра првиот натпревар во пост-Обрадовиќ ерата откако во текот на викендот трофејниот стручњак го напушти белградскиот клуб, по 4,5 години на клупата.
Воедно, тоа ќе биде и прв натпревар од Евролигата по пауза од 11,5 години на кој Партизан ќе биде без својот досегашен тренер. Претходниот таков меч датира од 11 април 2014 година кога се одигра последното коло од сезоната 13/14, а на кој Партизан му гостуваше и загуби од Галатасарај со 55-64. Последниот меч на домашен терен, во белградската Арена, Партизан го одигра една недела претходно, на 4 април, против Жалгирис и тогаш славеше со 77-67.
По таа сезона, следуваше осумгодишно отсуство на Партизан од Евролигата, тимот главно учествуваше во Еврокупот, се до враќањето на Жељко Обрадовиќ на клупата. И тој во својата прва сезона го водеше Партизан во Еврокупот, но потоа се отвори место за „црно-белите“ во Евролигата и клубот ја прифати со две раце.
Вечерва се очекува атмосферата во Арена да биде вжештена, но вниманието нема да биде насочено кон противникот Баерн Минхен, туку кон раководството на Партизан, предводено од претседателот Остоја Мијаиловиќ.


