Првиот натпревар од финалната серија во Кошаркарската лига на Србија меѓу Црвена Звезда и Партизан не донесе тензија како на претходните дуели на овие две екипи, но затоа донесе голем број судиски грешки кои предизвикаа нервоза на теренот.
Затоа не е чудно што тренерите на двете екипи имаа забелешки на судењето. За Жељко Обрадовиќ можеби тоа не е нешто ново бидејќи тој и пред почетокот на серијата зборуваше за такво нешто, но сега му се придружи Јанис Сферопулос.
„Одамна не сум видел некој играч да доживува тортура на теренот како Кевин Пантер. Против него не се игра кошарка, страшно е колку ќотек доби, можам да извадам еден куп клипови. Сите спортови се играат против него освен кошарка. Веќе зборував на што личеше финалето од АБА лигата, не би сакал да се повторувам. Немојте да ви објаснувам, ќе ве заболи главата. Погледнете ги последните две сезони од Евролигата, каде сме ние, а каде е Црвена Звезда, сите знаат, ама што да правиме“, се пожали Обрадовиќ.
Замерки имаше и Сферопулос кој кажа што имаше и веднаш ја напушти прес-конференцијата.
„Досега не сум зборувал за ништо друго, освен за кошарка. За жал, Партизан по 2-3 месеци жалење на судењето успеа да направи ситуација во која тројцата арбитри немаат ист критериум. Потребно е судиите малку повеќе да не респектираат. И ние можеме да да зборуваме за судењето бидејќи мораме да го браниме својот тим, можеме и ние да ги напаѓаме судиите“, изјави Сферопулос.
Вториот меч од финалната серија и можеби последен за оваа сезона се игра утре, е домаќин ќе биде Партизан.


