Претстојното лето, пет македонски младински репрезентации ќе учествуваат на европските првенства од кои само јуниорската во А-дивизијата.

Јуниорите ги добија своите ривали, исто како и останатите селекции кои ќе настапат. Покрај нив, пријавени се уште У16 и У20 во машка и У16 и У18 репрезентациите во женска конкуренција.

Кадетите ќе играат во Скопје од 7 до 16 август и ќе бидат во групата Б, заедно со Полска, Словачка, Босна и Херцеговина, Ирска и Кипар. Репрезентацијата до 20 години ќе настапи на Б-првенството во Ереван од 11. до 20. јули, во групата Ц, заедно со Естонија, Летонија, Ирска и Ерменија.

Женската кадетска репрезентација ќе учествува на Б-првенството во Истанбул од 20-29 август. Кадетките се сместени во групата местени во групата Д заедно со Грција, Бугарија, Литванија и Украина. Јуниорките ќе настапат на Б-првенството во Алитус и Вилнус од 4 до 13 јули и сместени се во групата А со селекциите на Германија, Ирска, Шведска и Романија.



