Кошаркарската федерација на Шпанија ги врши последните подготовки за испраќање кандидатура за организација на Европското првенство во 2029 година.
Според тамошните медиуми, Шпанците би сакале да ја имаат лидерската улога со тоа што во Мадрид би се играла една од групите, како и завршниот дел од шампионатот, односно нокаут фазата. Домаќин на натпреварите би била арената на Реал, Визинк центар. И Европското првенство во 2029 година најверојатно ќе се игра во четири држави со тоа што претходно интерес за негова организација покажаа и Словенија, Грција и Словачка.
Ако ја добие организацијата, тоа ќе биде четврти пат во историјата Шпанија да биде организатор на континенталниот шампионат. Претходно таму се играа првенствата во 1973, 1997 и 2007 година, а интересно е тоа што на нив шпанската репрезентација освои два медала и тоа сребрени.


