На Копаоник денеска се одржува бизнис форум, а меѓу учесниците се претседателите на кошаркарските клубови Партизан и Црвена Звезда, Остоја Мијаиловиќ и Небојша Човиќ.
Еден од најинтересните моменти од овој настан е пофалбата на Човиќ на сметка на Партизан и покрај тоа што во сите јавни настапи го критикува, па и плука најголемиот ривал на неговиот клуб.
„Оваа година ќе имаме шест милиони евра од билети. Се вративме во Арена. Беше многу тешко, му оддавам признание на Партизан што во време на корона одлучи да се пресели во Арена. Секоја чест“, изјави Човиќ.
Партизан играше во белградската Арена и кога учествуваше во Еврокупот, во сезоната 2021/22 и речиси редовно трибините беа исполнети и покрај тоа што за противници имаше послаби противници од овие во Евролигата.


