Еден од најдобрите играчи во македонското првенство последните две сезони Дерин Говенс забележа највисок индекс во третото коло од АБА 2 лигата, но поради правилата на натпреварувањето не е прогласен за МВП.
Познато е дека најкорисен играч не може да биде кошаркар на поразена екипа, па Говенс е жртва на неуспехот на ТФТ во дуелот со Домжале пред десет дена. На тој меч блескаше, постигнувајќи 27 поени, седум асистенции и три украдени топки, за индекс 32, највисок од сите кошаркари кои играа во третото коло од регионалното натпреварување.
Признанието, сепак, замина кај кошаркарот на противничката екипа Јон Долничар кој на истиот натпревар постигна исто така 27 поени, но со три скока и четири асистенции и имаше индекс 30.


