Бугарскиот шампион Балкан продолжува да го засилува тимот пред историскиот настап во Еврокупот, а најновото име во ростерот има и НБА шампионски прстен.
Клубот од Ботевград го ангажираше 25-годишното австралиско крило Алекс Дјукас, кој во 2025 година стана НБА шампион со Оклахома Сити Тандер.
Дјукас во сезоната 2024/25 беше дел од составот на Оклахома Сити Тандер, а настапуваше и за Оклахома Сити Блу во развојната лига. По НБА авантурата, минатата сезона се врати во Австралија и играше за Бризбејн Булетс.
Австралиецот својата колеџ-кариера ја градеше на Универзитетот Сент Мери, пред да направи чекор кон НБА. Сега во Ботевград пристигнува со меѓународно искуство и како едно од позвучните засилувања на Балкан во пресрет на првиот историски настап во Еврокупот.
За Балкан ова е уште еден важен потег во градењето на составот кој ќе има задача да го претставува бугарскиот клуб на европската сцена. Шампионскиот бекграунд на Дјукас дополнително го зголемува интересот за неговиот настап во новата сезона.


