Македонскиот првак МЗТ Скопје беше поразен на гостувањето кај Цедевита Јуниор, во второто коло од АБА 2, но еден од играчите на клубот од Аеродром има причини за задоволство по тој дуел.
Дион Едвин е најефикасен стрелец во вториот круг од регионалното натпреварување, а малку недостасуваше да го има и највисокиот индекс и покрај тоа што не постоеја шанси да биде прогласен за МВП поради поразот на неговиот тим. За нешто помалку од 29 минути во игра, репрезентативецот на Девствените Острови постигна 26 поени, а имаше индекс 32 што е неверојатна разлика во однос на мечот од првото коло против Теодо кога запиша само шест поени и коефициент 1.
Подобар индекс од Едвин во овој круг имаше само Вељко Бркиќ од тимот на Џокер (34) и тој е МВП на колото во АБА 2 лигата.


