Поранешниот вицешампион на Македонија, Пелистер го заврши својот настап во Купот на Македонија уште на почетокот откако синоќа загуби од домаќинот МКК Куманово.
Во редовите на битолскиот клуб владее огорченост од она што се случуваше на тренерот и сметаат дека незаслужено загубиле, пред се поради односот на домаќинот и на судиите.
„Денеска Пелистер изгуби во игра ‘пет на осум’ бидејќи се играше во Куманово, домашен терен, огромен притисок уште на почетокот. Не ги пуштија ни нашите навивачи да присуствуваат, мислам дека Пелистер не заслужува ваков третман“, рече помошниот тренер на битолчани Дејан Илиевски кој во финишот ја водеше екипата затоа што Борче Даскаловски беше исклучен поради две технички грешки.
Натпреварот го одбележа и прекинот во првата четвртина кога Пелистер го напушти теренот откако беше наложено од салата да биде отстранета гостинската навивачка група.


