Никола Јокиќ повеќе од две недели го нема во составот на Денвер Нагетс поради повреда, а остатокот од тимот изгледа се навикна на животот без него и игра се подобро.
Шампионот од 2023 година ноќеска ја оствари третата победа во низа и четврта во последните пет меча откако на гостински терен го совлада Далас со 118-109. Да биде поинтересно, Нагетс воопшто немаа проблеми да дојдат до триумфот и во еден момент водеа и со 23 поени разлика (84-61).
Петмина кошаркари во тимот беаа двоцифрени: Мареј постигна 33 поени, Гордон 22, Вотсон 18, Хардавеј 12, а Џонс 10. И покрај тоа што игра без првата ѕвезда, Денвер ссе наоѓа на второто место во Западната конференција со биланс од 28 победи и 13 порази.
Кај Далас Маверикс, Маршал беше најефикасен со 24 поени, Вилијамс додаде 20, а Мартин 15.
РЕЗУЛТАТИ
Индијана – Торонто 101-115
Филаделфија – Кливленд 107-133
Чикаго – Јута 128-126
Њу Орлеанс – Бруклин 116-113
Далас – Маверикс 109-118
Сакраменто – Њујорк 112-101
ЛА Клиперс – Вашингтон 119-105


