За својата втора шампионска титула во кариерата, Кајри Ирвинг ќе игра против својот поранешен тим Бостон Селтикс со кого не е во добри односи.
Врв на нетрпеливоста беше потегот од мај 2021 година кога како член на Бруклин Нетс намерно го згазна логото на Бостон на центарот од теренот во ТД Гарден и со тоа дополнително ги изнервира навивачите на овој тим. Оттогаш, во дресот на Бруклин и Далас, Ирвинг одигра десет натпревари против Селтикс и билансот му е 0/10.
Ако сака да ја освои втората титула во кариерата, проклетството ќе треба да го скрши во финалната серија, но му требаат четири победи.


