Брони Џејмс, синот на Леброн, е избран како 55. пик на НБА драфтот, во вториот дел кој се одржа синоќа во Њујорк.
Леброн со тоа си ја исполни својата желба да заигра со Брони што ќе биде прв случај татко и син да настапат во ист тим иако многумина се сомневаат во квалитетите на помладиот Џејмс. Можеби суперѕвездата на Лејкерс е одличен кошаркар, но неговиот син е далеку од тоа, висок е само 186 сантиметри, а лани му беше констатирана и аномалија на срцето поради што паузираше извесен период и неговата доведена во прашање.
Сепак, процесот кој доведе до избор на Брони во Лејкерс го следеа низа контроверзи. Агентот на Леброн, Рич Пол на сите клубови, освен Лејкерс и Феникс, им испрати порака да не го бираат Брони и ги предупреди дека ако го направат тоа, идната сезона тој ќе замине да игра во Австралија. Познато беше дека Лејкерс ќе бираат како 55. и тоа место беше резервирано за најславниот син-кошаркар во моментов.
Леброн одамна изјави дека најголема желба му е да заигра со својот син во иста екипа и дека кога ќе го оствари тоа, може веќе да размислува за пензија. Сепак, со оглед на тоа што е пред нов тригодишен договор за 162 милиони долари, веројатно ќе играат заедно во следните три сезони.


