Басконија го победи Асвел со 94-80, а натпреварот го одбележа играчот на домашниот тим и бугарски репрезентативец Коди Милер Мекинтаер.
Плејмејкерот на Басконија стана само трет кошаркар во историјата на Евролигата со трипл дабл по Никола Вујчиќ во сезоните 2005/06 и 2006/07 и Ник Калатер во 2018/19, постигнувајќи 11 поени, 11 скока и 20 асистенции за индекс 42.
Покрај тоа, го собори рекордот на Евролигата по бројот на асистенции кој досега го држеа Стефан Јовиќ и Факундо Кампацо со 19, остварувајќи една повеќе од нив. Рекордната беше на две минути пред крајот за цепелин на Монеке што предизвика овации во Буеса Арената во Виторија.
Дека ќе биде ова историска ноќ во Баскија можеше да се почувствува уште во првото полувреме во кое Милер Мекинтаер веќе имаше 12 асистенции. Победата ја однесе Басконија на осмата позиција на табелата со една победа помалку од шестопласираниот Фенербахче пред нивниот меѓусебен дуел во следното коло.


