Кошаркарите на Денвер Нагетс остварија убедлива победа над Портланд со 157-103, поставувајќи рекорд на франшизата по поени на гостински терен, но и рекорд на сезоната во НБА.
Никола Јокиќ беше одличен со 32 поена, девет скока и седум асистенции за само 29 и пол минути на теренот. Српскиот центар постигна 19 поени во првата четвртина, додека на полувремето имаше 24. Натпреварот го заврши со 10/15 шут од поле, вклучувајќи 3/4 за три поени.
Џамал Мареј исто така даде значаен придонес со 25 поени, само вечерта по поразот од Лос Анџелес Клиперс (115:114), кога го промаши своето трето слободно фрлање на 0,9 секунди до крајот. Џулијан Стротер и Тим Хардавеј Џуниор додадоа по 19 поени.
Денвер веќе имаше огромно водство од 82-53 на полувремето, со одличен шут за три поени (13/22). Нагетс го завршија натпреварот со 21 тројка од 41 обид, а во второто полувреме водството порасна на 55 поени.
Досегашниот рекорд по бројот на постигнати поени на еден натпревар оваа сезона го држеа Чикаго Булс и Јута Џез со 152.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Кливленд 113-118
Мемфис – Јута 123-114
Вашингтон – Индијана 131-118
Атланта – Мајами 97-128
Минесота – Далас 122-111
Њу Орлеанс – Милвоки 118-139
Оклахома – Бруклин 105-86
ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 125-122
Портланд – Денвер 103-157


