По безмалку два месеца и 10 победи по ред, најпријатното изненадување во Евролигата, Париз повторно ја почувствува горчината на поразот, само четврти пат оваа сезона.
Таму каде што најмалку се очекуваше, Париз го положи оружјето бидејќи загуби на гостувањето кај Асвел со 93-98. Првото место на табелата секако ќе остане во негова сопственост бидејќи се уште има една победа повеќе од Монако, Баерн и Фенербахче, но мора да се знае дека во текот на оваа серија, Париз победи екипи како Олимпијакос, Анадолу Ефес, Барселона итн.
Штета е што токму вечерва загуби бидејќи остана некрунисан историскиот настап на македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс. Плејмејкерот на Париз постигна личен рекорд од 29 поени и индекс 41 што воедно е и клупски рекорд. Ако неговиот тим победеше, Шортс сигурно ќе беше избран за МВП на колото.
Во следното коло Париз го очекуваше исклучително тежок натпревар, против Реал на домашен терен. Иако мадридскиот гигант е во криза и во серија од три порази, никако не смее да се отпише.


