Американскиот плејмејкер Мајк Џејмс од денеска е прв стрелец во постоењето на Евролигата.
На кошаркарот на Монако му беа потребни 12 поени за да го помине Василис Спанулис, а на четири минути пред крајот на натпреварот против Црвена Звезда дојде до бројката од 13 и до вкупно 4.457 во својата кариера во елитното натпреварување. Историскиот кош Џејмс го погоди за водство на Монако од 38-31 по што играта беше прекината за да му укаже почит на новиот крал на стрелците во Евролигата.
Ситу гледачи во салата во Монако станаа на нозе, честиташе сопственикот на клубот, а на историскиот момент присуствуваат и родителите на Џејмс, Стивен и Лиса кои седат во првиот ред.
Џејмс е присутен во Евролигата безмалку една деценија, со исклучок на периодот кога замина во НБА и играше за Феникс, Њу Орлеанс и потоа Бруклин. До бројката од 4.457 поени стигна како игра на Басконија, Панатинаикос, Олимпија Милано, ЦСКА Москва и сега Монако.


