Центарот на Реал Мадрид, Валтер Таварес од денеска е најдобар скокач во историјата на Евролигата.
На мечот против Макаби пред празни трибини во Мадрид, кошаркарот од Зеленортски Острови прифати 11 топки и стигна до бројката од 2.016 во својата кариера во елитното натпреварување. Пред мечот, му недостасуваа пет за да го достигне Паулиус Јанкунас, но јасно е дека до крајот на оваа сезона, а и во годините што претстојат, значително ќе го подобри рекордот во Евролигата.
Walter Tavares overtakes Paulius Jankunas and climbs to No. 1 on the all-time EuroLeague rebounding list 👑🏀
— BasketNews (@BasketNews_com) January 8, 2026
1. 🇨🇻 Walter Tavares 2016 REB
2. 🇱🇹 Paulius Jankunas 2010 REB
3. 🇺🇸 Kyle Hines 1855 REB
4. 🇨🇿 Jan Vesely 1838 REB pic.twitter.com/KpkxarJL6K
Најважно од се е тоа што на Таварес му требаа само 297 натпревари за да избие на првото место, додека Јанкунас одигра 392.Од кошаркарите кои се во топ-5 во оваа статистичка категорија, активен е само Јан Весели кој се наоѓа на четвртата позиција, но му недостасуваат само 17 за да го достигне третопласираниот Кајл Хајнс


