Кошаркарот на Задар, Лука Божиќ стана првиот во историјата на АБА лигата со две признанија за играч на сезоната во ова натпреварување.
Тој е и прв кој воопшто два пати по ред бил прогласен за МВП на сезоната откако лани го доби истото признание. Од оваа година, наградата го носи името „Дејан Милојевиќ“, по неодамна починатиот тренер кој со години успешно работеше во АБА лигата како предводник на Мега и Будуќност.
Изборот не беше воопшто тежок бидејќи Божиќ во текот на сезоната беше најконстантен и дури 11 пати беше МВП на колото во АБА лигата, а на два меча оствари трипл дабл, како единствен во ова натпреварување кому му успеало тоа. Токму затоа доби 82,6% од гласовите од тренерите, новинарите и фановите, а зад него останаа Кенан Камењаш од Будуќност со 12,3% и Зек Ледеј од Партизан со 2,4%.
Наградата за МВП на сезоната во АБА лигата досега ја добивале уште: Никола Јокиќ, Миро Билан, Никла Јанковиќ, Лука Жориќ, Гога Битадѕе, Филип Петрушев и Никола Калиниќ, но никој од нив повеќе од еднаш.