На неполни 24 часа пред првиот натпревар од Европското првенство, вистинска драма се случува во Тампере каде треба да настапува светскиот шампион Германија.
Селекторот на оваа репрезентација Алекс Мумбру мораше итно да биде хоспитализиран поради акутна инфекција и нема да може да ја предводи оваа селекција на натпреварот од првото коло, против Црна Гора, утре од 15:30 часот. Неговото место на овој меч ќе го пополни асистентот, австралиско-босанскиот стручњак Алан Ибрахимагиќ. Засега не се знае дали Мумбру ќе биде во состојба да ги води Германците на останатите натпревари во групата.
Освен Црна Гора, светскиот шампион за противници на Еуробаскетот ги има уште домаќинот на групата Финска, потоа Литванија, Шведска и Велика Британија.


