Натпреварот меѓу Жалгирис и Монако беше драматичен на теренот, но уште подраматичен на една од трибините во арената во Каунас.
Литванскиот тим славеше со 63-62 и ја задржа челната позиција на табелата во Евролигата, но мечот остана во сенка на борбата за живот на еден од присутните на мечот. Еден од навивачите се онесвести за време на натпреварот, па реагирше медицинска екипа во обид да му го спаси животот.
Борбата траеше околу 20 минути, во реанимацијата беа вклучени повеќе лекари, а заврши среќно, на задоволство на околу 15 илјади присутни кои со нетрпение очекуваа да видат што ќе се случи. Во текот на ноќта се огласија лекарите кои соопшти дека состојбата на човекот е стабилно и дека тој не е во животна опасност.


