Пред два дена дојде до жестока физичка пресметка меѓу играчите на Фенербахче и Анадолу Ефес, Тарик Биберовиќ и Илајџа Брајант, а веќе вчера е избегната трагедија во редовите на двојниот европски шампион од Истанбул.
Во текот на вчерашниот ден било пукано во домот на кошаркарот на Анадолу Ефес, Стенли Џонсон кој во клубот од Истанбул дојде ова лето. Биле испукани три куршуми од кои два завршиле во прозор, а еден го погодил станот под него. Нејасно е дали Џонсон бил целта или само колатерална штета.
Џонсон првпат игра во Европа откако во текот на летото дојде од Сакраменто Кингс, а целата своја досегашна кариера ја градеше во НБА екипи или нивните филијали. Во најсилната светска кошаркарска лига вкупно 449 одиграни натпревари.


