Шпанскиот прволигаш Билбао избегна трагедија откако при враќањето од Франција, молња го погодила авионот со кој патувале.
Билбао гостуваше кај Шоле во рамките на ФИБА Европа купот, а инцидентот се случил на слетување во Баскија. Медиумите во Шпанија пренесоа дека патниците, меѓу кои и кошаркарите и стручниот штаб, се исплашиле кога слушнале удар на гром и силен блесок, но се се завршило без поголеми проблеми и, што е најважно, без повредени.
Кога се се завршило, пилотот ги известил патниците што се случиле, неколку минути траела проверката дали има оштетувања на леталото, а потоа сите безбедно го напуштиле.


