Извесен Ентони Тремејн од Калифорнија, кој сега живее во Мексико, признал дека е виновен за продавање лажни сувенири од славни личности, меѓу кои и од Коби Брајант и Мајкл Џордан.
Сувенирите ги продавал во периодот од 2010 до 2019 година и, според неговото признание, сумите се движеле меѓу 250 и 550 илјади долари. Покрај предметите и сликичките, на своите клиенти им нудел „Сертификал за веродостојност“ кој „гарантирал“ дека сите тие се оригинални.
Проблемите за него почнале во 2020 година кога продал фотографија од семејството Кардашијан со автограми од три негови членови, а купувачот излегол агент на ФБИ. Меѓу најбараните предмети му биле оние од Коби Брајант, особено по смртта не поранешната суперѕвезда на Лејкерс, но тогаш Тремејн веќе бил под истрага и не можел да продолжи со измамите.
Ако биде прогласен за виновен, на Тремејн му се заканува максимална затворска казна до 20 години.


