Стратегот на Задар, Данијел Јусуп изненадувачки е прогласен за тренер на сезоната во АБА лигата.
Тој го доби големото признание пред предводниците на Црвена Звезда и Партизан, Жељко Обрадовиќ и Јанис Сферопулос, далеку попознати и потрофејни стручњаци кои беа фаворити за наградата. Сепак, во гласањето, Јусуп добил 53,8% од гласовите и првпат во неговата кариера е добитник на ласкавото признание.
Задар го освои шестото место во основниот дел од АБА лигата и во четвртфиналето ќе се сретне со Будуќност.


