Дебитантот во елитната конкуренција Охрид направи сензација, совладувајќи го на домашен терен со Еуро Никел со што си ги зголеми шансите за опстанок.
Охриѓани славеа со 77-71 и го задржаа чекорот со Академија ФМП и Кожув, а се на една победа од осмопласираниот Гостивар. Пред нив се исклучително интересни и неизвесни четири кола во кои дури можат да стигнат до место во плејофот.
Натпреварот во Охрид беше решен во последните 45 секунди. Во текот на целиот меч екипите се бркаа и највисокото водство изнесуваше седум разлика, а го имаа двата тима. Во последниот квартал Охрид поведе со 75-68, а со кошот на Смит Меквен, Еуро Никел на 45 секунди пред крајот се доближи на 71-72. Клучен момент беше тројката нна Ибраими во следниот напад со која Охрид отиде на +4. Смит Меквен потоа ја загуби топката, па Димовски од линијата за слободни фрлања стави точка на мечот.
Токму Димовски беше најефикасен во редовите на Охрид со 19 поени, но се истакна и Лајонс кој оствари дабл дабл со 14 поени и 13 скока. Кај Еуро Никел, кој го претрпе третиот пораз во низа, Дубински заврши како прв стрелец, исто така со 19 поени.


