Српскиот репрезентативец Василије Мициќ минатата недела доби раскин на договорот со Милвоки Бакс по што се отвори патот за него за враќање во европската кошарка.
Интерес за искусниот плејмејкер покажаа неколку гиганти од Евролигата, но засега најупорен е дебитантот во елитното натпреварување Хапоел Тел Авив. Откако претходно беа одбиени неколку понуди, пребогатиот сопственик Офер Јанај излезе со нова, најбогата досега.
Станува збор за 18 милиони долари за три сезони, односно шест милиони годишно. Ако Мициќ ја прифати оваа понуда, тој ќе стане најплатен играч во европската кошарка.


