Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски синоќа го одигра првиот натпревар во дресот на Наполи.
Италијанскиот прволигаш се наоѓа на подготовки во Крањска Гора каде вчера одигра пријателски меч со шампионот на Србија, Спартак Суботица и славеше со 70-66. Тоа беше прв натпревар на овие подготовки, а Јакимовски го заврши со 11 постигнати поени. Поефикасни од него беа само Доутин со 17 и Карузо со 13.
Јакимовски претстојната недела се очекува да се приклучи на подготовките на македонската репрезентација која на 30 август гостува во Виена, на Австрија во првиот меч од втората претквалификациска фаза за Европското првенство во 2029 година.


