Репрезентативецот на Македонија, Андреј Јакимовски одигра уште еден одличен натпревар во дресот на Тренто.
Откако пред четири дена блесна против Бург во Еврокупот, нашиот кошаркар имаше голем придонес во триумфот на својата екипа во италијанското првенство против Венеција со 96-90. За 31 минута во игра, Јакимовски постигна 11 поени, осум скока и три асистенции, потврдувајќи дека се наоѓа во одлична форма.
Тренто ја оствари петтата победа во 11. натпревар во Лега А оваа сезона по која се најде на деветтото место на табелата.


