Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски денеска го одигра првиот натпревар во дресот на својот нов клуб Тренто.
Станува збор за меч од пријателски карактер, против Кремона, а во организација на еден од клупските спонзори. Тренто славеше со 81-75, а Јакимовски беше трет стрелец во својот тим со 11 поени. Повеќе од него имаа само Бара (20) и Џогела (15), но нашиот кошаркар постигна една од клучните тројки, на две минути пред крајот со која Тренто направи недостижна предност.
Јакимовски и неговиот тим ги продолжуваат подготовките за новата сезона која ќе ја стартуваат со дуелот од Суперкупот на Италија, против Бреша на 27 септември. На тој меч Јакимовски ќе го има и официјалното деби за новиот клуб.


