dВо претходните два натпревара од претквалификациите за Европското првенство во 2029, Андреј Јакимовски се наметна како лидер на оваа генерација на репрезентацијата.
Како најдобар играч на тие два меча, од него се очекува да го предводи националниот тим и против Луксембург и Азербејџан, дуели кои се на програмата в петок и понеделник. Кошаркарот на Тренто не бега од одговорноста и очекува уште подобра игра на македонската репрезентација.
„Треба да продолжиме да ја градиме нашата тимска игра, нашата хемија. Сега, со помош на новиот селектор да го поставиме тој систем на игра. Краток е периодот за подготовка, ама мислам дека ќе успееме. Досега не сме играле со Луксембург. Имаат доста добри играчи, Очекувам добар натпревар, а нашиот фокус е само на нас. Треба високо да ја поставиме летвичката и да ја подобриме нашата игра како што го направивме тоа во претходниот циклус“, рече Јакимовски.
По првите две кола, тој е најдобар стрелец во македонската репрезентација и четврти во претквалификациите, со просек од 25,5 поени на натпревар.


