Никола Јокиќ го оствари својот трипл дабл по враќањето на терените, но Денвер Нагетс го доживеа третиот пораз во низа.
Шампионот од 2023 година загуби во спектаклот во Медисон Сквер Гарден, од Њујорк Никс со 127-134 по две продолженија. Натпреварот го одбележаа низата резултатски пресврти, но ниедна од екипите не направи двоцифрена предност што најдобро зборува колку беше неизвесно.
Џамал Мареј постигна 20 поени во првата четвртина, но подоцна свое шоу имаше Џејлен Брансон. Денвер беше во негатива во клучните моменти, но успеваше да се одбрани. Канаѓанецот се избори за првото продолжение, а Кристијан Браун за второто, ама во него Никс повеќе не му дадоа шанса на противникот. Се одлепија на шест разлика и повеќе немаше враќање за тимот на Денвер.
Брансон одигра извонреден натпревар, постигна 42 поена со осум скока и девет асистенции, Мареј на спротивната страна заврши со 39, а Никола Јокиќ го оствари својот прв трипл дабл во 2026 година. Србинот постигна 30 поени, 14 скока и 10 асистенции, но ќе се памти само тоа дека имал трипл дабл бидејќи да не се играа продолженија, сигурно немаше да стигне до него, а покрај тоа, имаше катастрофален шут за тројка (1/13) и тој има голема вина за поразот на својот тим.
Њујорк Никс ја остварија осмата победа во низа и со неа го задржаа чекорот со Бостон и е на делба на второто место со биланс 33/18. И Денвер е трет, но на Западот, со 33/19, ама таму ќе се води жестока битка до крајот на основниот дел од сезоната.
РЕЗУЛТАТИ
Њујорк – Денвер 134-127
Торонто – Минесота 126-128
Хјустон – Бостон 93-114
Милвоки – Њу Орлеанс 141-137
Сан Антонио – Оклахома 116-106
Сакраменто – Мемфис 125-129
ЛА Клиперс – Кливленд 91-124


