Поранешниот американски кошаркар, сега поткастер, Муки Џонс се чини дека нема многу почит кон Никола Јокиќ.
Тој истакнува дека трикратниот МВП на НБА и српски репрезентативец му штети на Денвер поради неговата лоша одбрана.
„Јокиќ е најпреценетиот кошаркар во историјата на НБА. Седите тука и ги фалите неговите додавања, седите тука и ја фалите неговата статистика… Седите тука и велите дека е најдобриот кошаркар во светот, а тој не придонесува ништо дефанзивно секоја вечер.
Како си центар со толку голема висина кој треба да помага во одбраната, а си еден од најлошите дефанзивци во НБА? Еден од најлошите дефанзивци на твојата генерација. Не можеш да влијаеш на шутевите, не можеш да го браниш кошот вертикално. Овој човек, Никола Јокиќ, го намали потенцијалот на својот тим бидејќи е многу лош во одбраната“, истакнува Џонс.
Јокиќ има просек од 29,2 поени, 13,4 скока и 11,1 асистенции, но според Џонс, тоа не е доволно. Србинот вчера беше избран за играч на неделата на Западот, вторпат оваа сезона, а води и во трката за МВП на сезоната.


