Српскиот кошаркар Никола Јокиќ запиша нов трипл дабл во победата над Чикаго со 136-120.
Центарот на Денвер Нагетс постигна 22 поени, 17 асистенции, 14 скока, четири блокади и една украдена топка во натпреварот на кој неговиот тим беше гостин. Тоа беше 182. трипл дабл во кариерата на Јокиќ во регуларната сезона, што го смести на второто место на „вечната“ листа.
Со тоа го надмина Оскар Робертсон, и сега е пред него е само Расел Вестбрук кој има 207, но уште е активен. Следната можност за трипл дабл, Јокиќ ќе ја има во вторник, кога Денвер го пречекува Кливленд.
Congrats to Nikola Jokić of the @nuggets for moving to 2nd all-time in triple-doubles! pic.twitter.com/Og1XOyAn7G
— NBA (@NBA) February 8, 2026
Оваа сезона Србинот се уште има трипл дабл просек, кој изнесува 29,1 поен, 12,1 скок и 10,5 асистенции.
РЕЗУЛТАТИ:
Сан Антонио – Далас 138-125
Орландо – Јута 120-117
Атлaнта – Шарлот 119-126
Чикаго – Денвер 120-136
ЛА Лејкерс – Голден Стејт 105-99
Феникс – Филаделфија 103-109
Портланд – Мемфис 122-115
Сакраменто – Кливленд 126-132


