Суперѕвездата на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ се повреди на натпреварот против Мајами одигран синоќа, а првите прогнози се охрабрувачки.
Извори блиски до Нагетс неофицијално твдат дека според првите индикации, станува збор за хиперекстензија и нема сериозна штета на коленото на центарот. Како резултат на сето тоа, се очекува пауза од околу еден месец што е далеку подобра опција од онаа за крај на сезоната.
Овие информации се во согласност со првичните проценки на лекарите, кои претпоставија дека станува збор за „модринка“ на коската, односно хиперекстензија на коленото. Соиграчот на Јокиќ, Кам Џонсон, неодамна ја претрпе истата повреда, а потоа му беше даден период на заздравување од 4-6 недели што за НБА услови е долго време бидејќи се играат натпревари на 2-3 дена. Јокиќ утре треба да се подложи на магнетна резонанца, но судејќи според првичните реакции, најдобриот кошаркар во светот требало да избегне подолга пауза.
Ако паузира еден месец, српскиот ас најверојатно ќе испадне од трката за МВП на сезоната бидејќи ќе пропушти меѓу 15 и 20 натпревари.


