Шеј Гилџес Александер е МВП на регуларната сезона, објави НБА. Со тоа, канадскиот кошаркар ја одбрани титулата најкорисен играч на најсилната лига и повторно ја освои најпрестижната индивидуална кошаркарска награда.
Покрај Гилџес Александер, во конкуренција за наградата беа уште Никола Јокиќ од Денвер Нагетс и Виктор Вембањама од Сан Антонио Спарс. Канаѓанецот ја заврши регуларната сезона со просек од 31,1 поен по натпревар, што го прави втор најдобар стрелец во лигата, а остваруваше уште 4,3 скока и 6,6 асистенции по натпревар, со шут од игра 55%.
Make that 2 for number 2. ✌️
— NBA (@NBA) May 18, 2026
Shai Gilgeous-Alexander is a back-to-back @Kia NBA MVP! pic.twitter.com/9qOXn7zs6d
Никола Јокиќ, кој беше МВП во 2021, 2022 и 2024 година, ја заврши регуларната сезона со трипл дабл просек од 27,7 поени, 12,9 скока и 10,7 асистенции по натпревар и беше најдобар скокач и асистент, но тоа не му беше доволно за четврто признание. Вембанјама, дебитант на годината во 2024 година, постигнуваше 25 поени, 11,5 скока и 3,1 асистенција по натпревар, но очигледно ќе чека друга шанса за да влезе во друштво на најдобрите во историјата на НБА.
Со оваа награда, Гилџес Александер помина легенди на НБА лигата, како Шекил Онил, Коби Брајант, Хаким Олајџувон, Кевин Гарнет, Чарлс Баркли, Кевин Дурант итн., кои по еднаш во кариерата беа МВП на сезоната.


