Исклучително нервозна беше серијата меѓу Денвер и Минесота во првата рунда од плејофот која заврши со триумф на Вулфс од 4-2.
Во четвртиот меч Никола Јокиќ влезе во конфликт со Мекдениелс бидејќи сметаше дека не се однесува џентлменски, а очигледно во Минеаполис тоа не му го заборавиле. Синоќа на истиот терен, во последната четвртина влезе во конфликт со Кларк, го оттурна, а потоа дојде до уште еден инцидент.
🚨 NIKOLA JOKIC RAHAT DURMUYOR! 🔥🔥
— Basket Merkezi™ (@BasketMerkez) May 1, 2026
Her maç Minesota’dan karşısına birisini alıyor 😅 pic.twitter.com/dLBQnFTReV
Сите играчи кои беа на паркетот како кучиња му се пуштија на српскиот кошаркар кој остана сам. Единствен што се обиде да го одбрани беше Руди Гобер кој очигледно има огромен респект кон Јокиќ.


