Никола Јокиќ се врати и тимот на Денвер Нагетс веднаш влезе во серија победи откако претходно се наоѓаше во мала криза.
Тимот од Колорадо на домашен терен ја победи Јута со 129-93, а натпреварот помина во знакот на српскиот ас. Иако не оствари трипл дабл, туку мечот го заврши со 27 поени, 14 скока и 6 асистенции, Јокиќ ја проби границата од 16.000 поени во кариерата и собори рекорд кој досега беше сопственост на Лери Бирд.
Србинот стана кошаркар кој најбрзо во НБА постигнал најмалку 16 илјади поени, 8 илјаси скока и 5 илјади асистенции. За ова достигнување му беа потребни 739 натпревари, додека Бирд го направи тоа со 60 меча повеќе.
Со оваа победа, Денвер се зацврсти на третата позиција на табелата во Западната конференција, но за да го стигне Хјустон ќе му треба уште време бидејќи Рокитс се со еден триумф повеќе и еден натпревар помалку. Јута одамна е отпишана и со само 16 победи во сезоната е најслаб тим во лигата.
РЕЗУЛТАТИ
Детроит – Кливленд 133-122
Бруклин – ЛА Клиперс 100-132
Торонто – Шарлот 108-97
Милвоки – Њујорк 107-116
Минесота – Феникс 124-109
Њу Орлеанс – Голден Стејт 95-111
Денвер – Јута 129-93


