Екипата на Денвер ја победи Јута со 130-117 на гостински терен, со што ја оствари седмата победа по ред во НБА лигата.
Центарот на тимот од Колорадо, Никола Јокиќ повторно блескаше во триумфот на Нагетс, постигнувајќи 15 поени (5/10 од поле, 0/1 за три, 5/7 од линијата за слободни фрлања), 17 скока и 12 асистенции за својот петти трипл-дабл во последните шест натпревари. Со овој ефект, Јокиќ официјално си обезбеди трипл дабл просек на крајот од оваа сезона, без разлика какви бројки ќе забележи во последните пет натпревари. Единствен кој досега имал повеќе од една сезона со трипл дабл просек е Расел Вестбрук со три по ред и четири вкупно во кариерата.
Најдобар играч на мечот, сепак, беше Џамал Мареј кој постигна десет тројки и го заврши натпреварот како водечки стрелец на Нагетси со 37 поени (12/26 од поле, 10/16 за три, 3/3 од линијата за слободни фрлања). Значајни улоги во новата победа имаа Камерон Џонсон, кој додаде 19 поени и Кристијан Браун со 18 поени.
Јута, која го доживеа седмиот пораз по ред, беше предводена од Брајс Сенсабо со 28 поени, додека Кајл Филиповски додаде 25 поени и 12 скока.
РЕЗУЛТАТИ:
Вашингтон – Филаделфија 131-153
Орландо – Атланта 101-130
Мајами – Бостон 129-147
Торонто – Сакраменто 115-123
Чикаго – Индијана 126-145
Хјустон – Милвоки 119-113
Мемфис – Њујорк 119-130
Јута – Денвер 117-130
Голден Стејт – Сан Антонио 113-127


