Кошаркарите на Денвер го совладаа Хјустон со 116-111 во еден од најважните натпревари во овој дел од сезоната.
Никола Јокиќ поради повреда мораше да го пропушти четвртиот меч во низа, но за негова среќа, Џамал Мареј го презеде целиот товар на себе. Тој постигна 39 поени (17 во првото полувреме, 17 во третиот период) со четири скока и седум асистенции и со голема помош на Мајкл Портер Јуниор (17 поени, девет скока и две асистенции) успеа да им донесе исклучително важна победа на Нагетс.
Хјустон веќе извесно време е во директна борба за второто место во Западната конференција, а сега разликата е само една победа со тоа што во игра се уште Лејкерс и Мемфис. Нагетс успеаја да ја прекинат серијата на Хјустон од девет победи во низа, а одлуката беше донесена во третата четвртина во која стигнаа до 39:22 за вкупни 96-79.
Расел Вестбрук донесе 14 поени како резерва, Арон Гордон постигна 13 со осум асистенции, додека Деандре Џордан додаде 11 со 15 скока. Нагетс погодија 51 отсто од три (10/21). Во поразениот тим Џејлен Грин постигна 30 поени, додека Дилан Брукс додаде 21. Алперен Шенгун кој често го нарекуваат „Бејби Јокиќ“ постигна 17 поени со 14 скока и 10 асистенции.
На минута и половина до крајот Хјустон направи серија од 7-1 и стигна до негатива од три поени по распоредот на турскиот центар. Набрзо Кристијан Браун погоди две слободни фрлања и ја врати разликата на +5. Без Јокиќ на паркетот, Нагетс сега имаат скор 2/2, со уште 10 натпревари до крајот на сезоната, а сега Хјустон има една победа пред Нагетс.
РЕЗУЛТАТИ:
Атланта – Филаделфија 132-119
Мајами – Шарлот 122-105
Портланд – Бостон 116 – 129
Торонто – Сан Антонио 89-123
Лос Анџелес Клиперс – Оклахома 101-103
Јута – Кливленд 91-120
Детроит – Њу Орлеанс 136-130


