Денвер Нагетс го победи Њу Орлеанс Пеликанс со 122-88, благодарение на уште еден трипл дабл на Никола Јокиќ.
За Србинот тоа е четврти трипл дабл оваа сезона на исто толку одиграни натпревари, а овој пат запиша 21 поен (10/15 од поле), 12 скока и десет асистенции за само 28 минути на теренот. Нагетс сега имаат скор од 3-1 на Запад, додека Пеликанс сè уште се без победа, со скор од 0-4.
Тимот од Њу Орлеанс се држеше во првото полувреме иако ја загуби првата четвртина со девет поени разлика. Пред да заминат на голем одмор, Нагетс имаа само +6, но потоа следеше фуриозна трета четвртина која ја добија со 39-11 и тогаш ги решија сите дилеми околу победникот.
Тоа беше знак за двајцата тренери да ги извадат од игра своите стартери и со резервите, Денвер мирно го заврши овој натпревар. Покрај Јокиќ, на ниво беа и Кристијан Браун и Џамал Мареј со по 17 поени, додека Хардавеј имаше постигна 11.
На другата страна, дебитантот Џеремаја Фирс имаше 21 поен и шест асистенции, а само Вилијамсон со 11 и Маси со десет поени беа двоцифрени.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Бостон – Кливлен 125-105
Детроит – Орлтандо 135-116
Бруклин – Атланта 112-117
Чикаго – Сакраменто 126-113
Далас – Индијана 107-105
Денвер – Њу Орлеанс 122-88
Јута – Портланд 134-136
Минесота – Лејкес 115-116
Феникс – Мемфис 113-114
Фото: Denver Nuggets


