Српскиот репрезентативец Никола Јокиќ одигра уште еден неверојатен натпревар за Денвер Нагетс.
Тој го оствари својот 16. трипл дабл во сезоната, но неговиот тим загуби од Орландо со 126-127. Јокиќ постигна 34 поени, 21 скок и 12 асистенции за својот 180. трипл дабл во кариерата со што се доближи на еден зад Оскар Робертсон, кој е втор на листата на сите времиња. Ако продолжи со вакви игри, можеби веќе до крајот на оваа сезона ќе го стигне поранешниот соиграч Расел Вестбрук кој води со 207.
Покрај тоа, тој е првиот играч во историјата на НБА што постигнал 110+ поени, 40+ скокови и 40+ асистенции во три натпревари по ред.
Пред два дена против Минесота Тимбервулвс постигна 56 поени со 16 скокови и 15 асистенции. Сепак, Денвер не ја користи одличната форма на Јокиќ, во последните пет меча доживеа три порази и во моментов се наоѓа на третата позиција во Западната конференција со биланс 22/9.
РЕЗУЛТАТИ:
Сакраменто – Далас 113-107
Њу Орлеанс – Феникс 114-123
Орландо – Денвер 127-126
Атланта – Њујорк 125-128
Чикаго – Милвоки 103-112
Хјустон – Кливленд 117-100
Мајами – Индијана 142-116
Минесота – Бруклин 107-123
Сан Антонио – Јута 114-127


