Репрезентацијата на Србија ја победи Грција во првиот натпревар на турнирот што викендов се одржува на Кипар.
„Орлите“ славеа со 76-66 на крилјата на Никола Јокиќ кој со ова најави блескаво Европско првенство. Иако натпреварот не беше најквалитетен, делумно поради тоа што репрезентациите се во почетна фаза од натпреварувачкиот дел, Србите подобро се снајдоа и заслужено дојдоа до триумфот.
Јокиќ максимално го искористи неиграњето на Јанис Адетокунбо и апсолутно доминираше на двата краја од теренот. Постигна 23 поени со шут од игра 8/14, плус 19 скока и 4 асистенции. Фактот што беше единствен со двоцифрен ефект во својата репрезентација најдобро отсликува колкаво е неговото влијание во оваа селекција.
Митоглу ги предводеше Грците со 18 поени, Слукас додаде 11, а Дорси 10. Утре Србија ќе има многу полесна задача против Кипар, додека Грција се среќава со Израел.


