Денвер Нагетс оствари убедлива победа на гостински терен против Сакраменто Кингс со 136-105.
Се беше решено уште во првото полувреме кое шампионот од 2023 година го доби со 77-54. Единственото прашање до крајот на натпреварот беше со колкава разлика ќе победат Нагетс.
Никола Јокиќ беше на две асистенции од нов трипл дабл, но уште еднаш ја покажа својата класа. Сомборецот постигна 36 поени со 12 скока и осум асистенции, шутирајќи фантастични 14 од 16 од поле и 2/2 за три поени, а погоди и шест од осумте слободни фрлања, сето тоа за само 29 минути. Да играше повеќе, сигурно ќе дојдеше до нов трипл дабл. Со овој триумф Денвер му се одмазди на Сакраменто за неодамнешниот пораз на домашен терен.
По Јокиќ следуваа Вотсон со 21, Џонсон со 16, Валанчунас со 15, и Хардавеј и Мареј со по 11 поени. Мареј имаше и девет асистенции. Во Сакраменто, Монк со 18 и Вестбрук со еден поен помалку беа најефикасни.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Хјустон – ЛА Клиперс 115-113
Милвоки – Бостон 116 – 101
Њу Орлеанс – Портланд 143-120
Сакраменто Денвер 105-136


