Екипата на Атомерому продолжува со фантастичните резултати во унгарското првенство во кое блеска последните 45 дена.
Откако во текот на викендот го победи шампионот Солнок, нанесувајќи му го првиот пораз сезонава, тимот предводен од поранешниот селектор на Македонија, Александар Јончевсски денеска славеше со 90-84 на гостувањето кај ОСЕ Лајонс. Тоа е петта победа во последните шест кола за Атомерому кој единствениот пораз од почетокот на ноември го доживеа на гостувањето кај ДЕАК.
Како резултат на тоа, Атомерому по некомплетното коло се искачи на четвртата позиција на табелата, со можност да биде и третопласиран ако Алба загуби од Сомбатели во заостанатиот натпревар.


