Машката и женската јуниорска репрезентација на Македонија викендов гостуваа во Ботевград каде одиграа по два пријателски натпревари со соодветните селекции на Бугарија.
Домаќините беа подобри во сите дуели. Машката селекција вчера загуби со 75-85, а денеска со 77-87, додека девојките на вчерашниот меч беа поразени со 58-64, а денеска со 56-77.
Вечерва двете селекции се враќаат во Скопје каде ќе ги продолжат подготовките за претстојните европски првенства Б-дивизија. Женската репрезентација ќе учествува на шампионатот во Тулчеа од 31 јули до 9 август, а машката во Ријека и Опатија од 24 јули со 2 август.


