Женската јуниорска репрезентација на Македонија прва ги почна подготовките за Европското првенство претстојното лето и прва ќе излезе на терен, со подготвителни натпревари.
Денеска и утре, У18 селекцијата на Македонија ќе гостува во Подгорица каде ќе одигра два пријателски дуела со репрезентацијата на Црна Гора. Првиот е закажан за денеска од 18, а вториот за утре од 10:30 часот. Можеби овие натпревари не доаѓаат во вистинско време бидејќи јуниорките почнаа со подготовки пред една недела, но сепак ќе бидат некој вид тест за селекторот Виктор Петровски, на нешто повеќе од три недели пред стартот на Европското првенство Б-дивизија, во Литванија.
Петровски во меѓувреме го скрати списокот на 16 кошаркарки, но за Подгорица заминаа само 14 од нив. Сестрите Ања и Мила Начевски нема да бидат во комбинација за овие два натпревара и се очекува по враќањето од Црна Гора да се приклучат на тренинзите. Особено ќе се почувствува неиграњето на Ања Начевска која треба да е лидер на оваа селекција, додека Мила е две години помлада, но исто така голем талент.
Против Црна Гора, денеска и утре ќе играат: Мартина Џангаровска, Јана Пислевска, Теа Трајковска, Бојана Николиќ, Дора Алексовска, Теодора Мариновска, Ива Колева, Глорија Груевска, Нена Китановска, Бранкица Мегленова, Мила Ќолчевска, Сара Ѓорѓиевска, Ангела Тасовски и Лилјана Ѓорѓиева


