Женската јуниорска репрезентација на Македонија со пораз го заврши настапот на Б-Европското првенство.
Нашите млади кошаркарки во последниот натпревар беа поразени од Естонија со 64-76, во меч во кој се обидоа да се спротивстават на противникот, но не успеаја да стигнат до позитивен резултат. Македонија имаше свои периоди во текот на натпреварот, но Естонките беа поконкретни во клучните моменти и успеаја да ја задржат контролата над резултатот до самиот крај.
Теа Трајковска беше најефикасна во нашата репрезентација со 13 поени, а Ива Колева заврши со 11.
Со овој натпревар завршува настапот на македонските јуниорки на шампионатот, на кој остварија една победа и го освоија 18. место, пред Естонија и Норвешка.


