Вечерва официјално заврши групниот сегмент на Европското јуниорско првенство Б-дивизија во Хрватска, а со тоа и македонската репрезентација го доби својот следен ривал.
Нашите јуниори ќе играт во борбата за пласман од деветтата до 16. позиција, но и таму ќе имаат исклучително тешка задача. Прв противник на Македонија ќе биде Финска, а натпревароот се игра в петок од 20:30 часот.
Од исходот на тој меч ќе зависи дали нашата селекција ќе продолжи да се бори за деветтото или за 13. место.


