Женската јуниорска репрезентација на Македонија го заврши својот настап на Европското првенство Б-дивизија и го освои 18. место во конечниот пласман.
Во последниот меч, нашите млади кошаркарки загубија од БиХ со 69-79, но крајниот резултат е мошне поволен ако се знае дека во втората четвртина противничките водеа и со 33 поени разлика (53-20). Во финалните десет минути Босанките очигледно се опуштија, па Македонија ги дооби тие 10 минути со 28-9 и се избори за пристоен пораз.
Нашата репрезентација беше предводена од триото Колева-Трајковска-Начевска, кошаркарки кои беа и најдобри на ова Европското првенство во македонскиот тим. Колева постигна 20 поени со 7 асистенции и 7 скока, Трајковска додаде 19 поени со 8 скока, а Начевска уште еднаш дојде до дабл дабл, реализирајќи 16 поени и 17 скока.
На првенството што се одржа во Литванија, Македонија оствари еден триумф и пет порази, но го имаше најмладиот состав од сите учесници.


