У18 репрезентацијата на Македонија утринава околу 5 часот замина за Хрватска каде од 24 јули до 2 август ќе учествува на Европското првенство Б-дивизија.
Градови домаќини се Ријека и Опатија, а македонската јуниорска селекција во двата града ќе одигра по два меча од групниот сегмент. Противници во групата ѝ се Грузија, БиХ, Унгарија и Шведска, а пласман во нокаут фазата обезбедуваат најдобрите две селекции од двете групи.
Првиот натпревар, Македонија го игра в петок од 20:30 часот против Грузија која е еден од конкурентите за првите две места.


